Дејвид Гета посрамотен побегнал од сцената - трач или вистина?
- Детали
- вторник, 30 јули 2013
На скорешниот настап во Париз, Дејвид Гета доживеал непријатност по која побегнал од сцената. Тој се појавил на настапот и притиснал плеј на погрешна трака. Наместо неговиот вообичаен поп хаус репертоар, неговите фанови имале прилика да слушнат дел од снимка за борба со хорофобија – ирационален страв од танцување, препишан на славниот ди џеј.
Гета им се извинил на фановите на Твитер за тоа што на овој начин откриле дека се служи со претходно снимени компилации, а не пушта музика во живо.
„Ве молам, знајте дека тоа не е затоа што сум неталентиран, туку затоа што патам од страшна фобија од која се лечам упорно...“
Тој објаснил дека станува збор за траума од детството кога настапувал на сцена и останал посрамотен.
Гета изјавил дека и во главно не гледа во гужвата пред себе на настапите и има обичај да замижи или да ја пушти косата преку очите за да не ги гледа луѓето пред себе кога танцуваат.
„Иронија е фактот што настап на кој никој не танцува, мене веројатно би ми бил еден од омилените во животот.“
Апдејт: Дејвид оваа приказна ја нарекува лажна и тоа затоа што е пуштена во моментот кога има актуелно гласање за најдобар ди-џеј на светот. Подметнато или не?
I wonder why each year at the moment of the dj mag vote, there is always a fake story on me playing a pre recorded set.is it by accident?
-->— David Guetta (@davidguetta) July 27, 2013