Најкратките бракови на ѕвездите

Дали страста е доволна за да се склучи брак? Многу холивудски ѕвезди рано стапиле во брак, a дали се работело за голема страст, љубов, или желба да се проба нешто ново знаат само тие.

najkratkite-brakovi-na-zvezdite-01

Ова се браковите кои светски познатите ѕвезди ги имаат зад себе и кои се склучени на премногу рана возраст.

1. Анџелина Џоли

Анџелина прв пат се земала на 21 година, во 1996 година. Нејзиниот избор бил помладиот актер Џони Ли Милер. Љубовта се родила за време на снимањето на филмот „Хакери“.

Иако се венчале после неколку недели откако биле заедно, бракот траел само 18 месеци. Тие успеале да останат најдобри пријатели, а Џони секогаш кога има прилика да зборува за неа кажува само убави нешта.

„Да не верувате дека и до ден денес луѓето ме прашуваат за неа. Не разбирам зошто се опседнати. Нашиот брак не беше драматичен и се разделивме како пријатели“ вели Џони за Анџелина која после него почна возбудлива романса со Били Боб Тортон.

2. Рис Витерспун

Во својата 21ва година таа го запознала Рајан Филип. Романсата по две години се круниса во брак. Венчавката била интимна церемонија, а Рис Витерспун и Рајан имаат ќерка Ава(13) и син Декон (9).

Во октомври (2006) одлучија да се разделат, а како причина за разводот се наведени огромни разлики во ставовите и начинот на живот.

3. Ким Кардашијан

Ким во маладоста исто така имала изливи на необјаснета љубов. На 20 години се зема со продуцентот Дејмон Томас. Се развеле во 2004, а Ким тврдела дека тој ја малтретирал психички и физички. Тогаш таа не била риалити ѕвезда, па затоа нивната врска не е позната.

najkratkite-brakovi-na-zvezdite-02

4. Оливија Вајлд

Добрите работи доаѓаат со текот на годините. Оливија Вајлд (28) го научила ова на потешкиот начин. Таа на 19 години се земала за италијанскиот принц и филмски продуцент Тао Русполија (36).

„Имав впечаток дека престанав да се развивам како личност во бракот. Тука лежеа многу несогласувања и затоа се распаднавме. Бев многу млада и незрела. Нашиот неуспех не е негова вина“ објаснува оваа актерка.

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg