Анџелина Џоли има само 41 килограм
- Детали
- среда, 10 јули 2013
Анџелина Џоли е најмоќната жена на листата на Форбс, мајка на 6 деца, ѕвезда која најмногу се занимава со хуманитарна работа и сопруга на холивудскиот заводник Бред Пит. Оваа година за неа е една од најстресните и остави последици на нејзиниот организам.
Џоли, после превентивната операција се врати на своите секојдневни активности.
Брзиот живот, децата и бројните обврски дополнително го исцрпуваат нејзиниот организам, затоа што моментално има само 41 килограм. Оваа убавица е висока 1.69м и моментално изгледа навистина слаба.
„Ова е за Бред најголема ноќна мора! Анџелина нон стоп работи на филмови и зафатена е со обврските со ОН, а тоа се одразува мошне негативно на нејзиното здравје.“
Инаку Џоли се подготвува за операција на отстранување на јајниците.
Брачната двојка Пит планира венчавка, на крајот на летото во еден замок во Франција. Списокот на гости е непознат, а и децата ќе имаат свој удел во свечената церемонија.