Девојки кои се збогатија преку Јутјуб туторијали

Туторијалите со трикови за убавина во последните неколку години станаа апсолутен хит на Јутјуб, а девојките кои ги реализираат овие видеа стекнаа статус на интернет ѕвезди.

devojki-koi-se-zbogatija-preku-jutjub-tutorijali-01

Тие често пати немаат формален тренинг, но имаат одговор на речиси сите недоумици и дилеми врзани за убавината, шармот и привлечноста.

Еве некои од девојките кои се на самиот врв на најпопуларни онлајн гуруа за убавина, кои ги споделиле своите искуства со видео блоговите.

Мишел Пан

Оваа 26 годишна Американка е една од најпопуларните видео блогерки со најголем број на следбеници, а на Јутјуб ја започна својата кариера во 2006 година.

Мишел кога започнала да се занимава со снимање на туторијали била студентка која се надевала дека ќе стане илустратор на детски книги и филмови.

Но, кога нејзината кариера тргна во друга насока, немаше ништо против. Всушност, таа ги внесе “чекор по чекор” туторијалите во светот на секоја девојка.



Линда Цанг

Оваа девојка од Хонг Конг се зачленила на Јутјуб во 2007 година, а нејзиниот канал денес има близу два милиони претплатници.

Линда отсекогаш имала страст за убавина, а посебно блиска до нејзината струка е областа за нега на кожата.

Откако Линда се проби на азискиот пазар, нејзиниот Јутјуб канал ја вивна во модната недела, лансираше своја козметичка линија и колекција маички, беше ѕвезда во еден музички спот, а исто така и патувал на многу егзотични дестинации и собира пари за добротворни цели.



Ел Фолер

Таа е уште една Американка која за само 5 години успеа да собере над милион и половина следбеници на својот Јутјуб канал.

Нејзината сестра Блер е искусна видео блогерка која ја натерала и неа да се обиде. На само 15 години, Блер се навлекла на видео блогови, а од тогаш таа и нејзината сестра имаат лансирано своја линија на облека, како и своја козметичка колекција.

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg