7 славни парови кои изгледаат подобро зад камерите

Неретко се случува во филмовите или сериите да забележиме неодолива хемија помеѓу главните ликови и не можеме а да не посакаме да ги видиме заедно и во приватниот живот.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-01

Овие 7 парови завршиле токму така - во среќна врска или брак и зад камерите.

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем – Гласините започнаа да се шират уште на снимањето на филмот Vicky Cristina Barcelona, што всушност и ја зголеми гледаноста на овој филм. Денес, овој пар е во среќен брак и имаат син Лео, а се знае и дека Пенелопе е бремена по втор пат.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-02

Ема Стоун и Андру Гарфиелд – Глумеа заедно во The Amazing Spiderman и толку добро ја маѓепсаа публиката со својата младалашка заљубеност, што многумина ги прогласија за најубавиот пар во Холивуд.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-03

Ана Пакуин и Стефан Маер – Овој пар остана забележан како мистериозен пар од вампирската серија True Blood. И додека многумина навинаа Суки да раскине со Бил и да оди со згодната Ерика, мора да признаеме дека во приватниот живот се неодоливи.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-04

Анџелина Џоли и Бред Пит – Најпознатио пар во Холивуд кој својата романса ја започна токму вака. Иако Бред беше оженет за време на снимањето на Mr. and Mrs. Smith, не успеа да одолее на најубавата жена во светот. Набрзо започнаа гласините, па разводот од Џенифер Анистон... И остатокот од приказната добро ја знаете.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-05

Роуз Лесли и Кит Харингтон – За време на снимањето на серијата Game of Thrones започна да собираат милиони позитивни коментари. Се надеваме дека врската, за која сè уште не проговориле јавно, ќе им потрае повеќе отколку онаа на екраните.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-06

Чанинг Татум и Џена Деван – Уште еден прекрасен пар кој се запозна на снимање на филмот Step Up. Неодамна објавија фотографија со својата штотуку родена ќерка Еверли, на која изгледаат како пресреќно мало семејство.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-07

Рајан Гослинг и Ева Мендес – Се запознаа на снимањето на филмот The Place Beyond The Pines, а Рајан од тогаш ја носи титулата дека секогаш паѓа на своите колешки глумици. Имено, со својата бивша колешка и девојка Рејчел МекАдамс ја делеше истата приказна, додека не се појави Ева Мендес.

7-slavni-parovi-koi-izgledaat-podobro-zad-kamerite-08

Би можело да ве интересира:

Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови Од поново време, ретко кој пар може да се спореди со Џони Деп и Амбер Херд, баре...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg