Во какви подароци би уживало бебето на Канје и Ким
- Детали
- вторник, 18 јуни 2013
Среќниот пар кој пред само неколку дена ја дочека своја мала ќеркичка, дефинитивно има доволно средства и желба да ја разгли.
Погледнете само неколку подароци во кои таа ќе може да ужива секојдневно.
Креветчето за принцеза кое е изработено од цврст кедар, опремено со кожни седишта и декоративни тркала е прво на оваа листа.
Дизајнираниот Гучи кенгур за бебиња е уште едно транспортно средство во кое најмладата Кардашијан ќе може да ужива.
Обичната пластична цуцла е заменета со дизајнирана која е составена од 14 каратно бело злато и мали дијаманти.
Позлатената количка која потекнува уште од 1877 година е вистински погодок доколку сакаат ретро луксуз. Обложена е со префинет сатен и вистинска кожа.
Луксузна бањарка и мини топлинки од Фенди се она што Канје и Ким планираат да и овозможат на својата најмлада принцеза.
Ова високо шанкерско столче за бебиња изгледа како да е излезено од некој спот на Канје, па можеби токму затоа ќе го вклопат во својот семеен ентериер.
Оваа млада принцеза уште од мала ќе биде разгалена и со луксузни, плишани играчки кои нема да чинат само неколку долари, туку ќе бидат донесени директно од Париз и ќе чинат неколку стотици.
Ниту мушамата за менување на пелени која ќе ја валка младата дама нема да биде едноставна. Таа е луксузна изработка на Роберто Кавали.
Преоблекувањето ќе се врши на масичка во француски стил од пред неколку века.
Бидејќи и двајцата родители се дизајнери и следбеници на модата, не е ни чудо што веќе веројатно одбрани се сите нејзини парчиња облека, помеѓу кои би биле и бебешките Диор чевли.
Сигурни сме дека најблиските Бијонсе и Џеј Зи се двоумеле помеѓу луксузното столче кое го одбрале и ова позлатено коњче за јавање. Прелиено со 24 каратно злато, дефинитивно ова е најлуксузниот подарок во кој некој може да ужива.
Можеби ова нема да им се допадне на здруженијата за права на животните, но Ким и Канје не се грижат за тоа. Тие само сакаат нивната најмлада да ужива во топлината на овој луксузен, крзнен покривач.