Портретот на Анџелина Џоли без гради ставен на аукција (фото)
- Детали
- недела, 26 мај 2013
Две недели откако се обелодени дека Анџелина Џоли направи двојна мастектомија, шведскиот сликар Јохан Андерсон го откри контроверзниот портрет на славната актерка после операциите.
Портретот е изложен во националната галерија на портрети во Лос Анџелес, а Дејли Мејл очекува на аукција да се постигне цена од 20 илјади долари.
Јохан Андерсон се прослави со портретите на Ејми Вајнхаус и Моамер Гадафи.
- Мојата мајка имаше рак на градите, а фактот дека требаше да ги отстрани двете гради навистина ме плашеше. За среќа, се извлече без операција, но веста за болеста на Анџелина и кај мене роди повторно страв, што е една од причините зошто го насликав овој портрет – изјавил Андерсон.
Целиот приход ќе биде дониран на хуманитарната организација "Falling Whistles" која се залага за чување на мирот во Конго.