Изложба на славните костими на Мадона
- Детали
- среда, 24 април 2013
Вчера Мадона изложи неколку од своите познати костими кои ги носеше изминативе години на нејзините спектакуларни концерти, во една стоковна куќа во Лос Анџелес. Изложбата траеше два часа, а посетителите можеа да го видат познатиот корсет на Мадона кој го носеше на турнејата "Blonde Ambition" во 1990та година, како и сјајниот бел фустан кој на себе го имаше во 1991 година на доделувањето на Оскарите.
По повод оваа изложба, Мадона изјави: „Еднодневната изложба беше инспирацијата и духот на линијата Material Girl, а воедно на моите обожаватели им даде можност да ја погледнат еволуцијата на мојот стил.“
Мадона по прв пат ги изложува своите костими во јавноста, но нема намера никогаш да ги продаде ниту по цена на хуманитарни акции.