Кога ѕвездите екстремно губат килограми
- Детали
- понеделник, 22 април 2013
Понекогаш не е лесно и да си позната ѕвезда. Сите тие за разлика од нас обичните луѓе се на постојан удар на јавноста. Редовно добиваат критики за тоа како изгледаат, колку килограми имаат и сл. Некои од нив пак, за потребите на разни снимања се изложени на ригорозни диети со кои треба да качат или симант огромен број килограми за кратко време, што е опасно за нивното здравје. Во продолжени епогледнете ги најекстремните случаи на варирање во тежина на познатите.
Заради компликации со здравјето, Drew Cary симна 37 кг во 2010 година, така што се придржуваше кон диетата која му ја препорача неговиот тим на доктори. Тоа не беше некоја диета со изгладнување и се состоеше во внесување на многу овошје и зеленчук и кардио вежби.
Раперот 50 Cent изгуби околу 35 кг за само 9 недели, за потребите на филмот “All things fall apart”, каде тој има улога на пациент болен од рак. За неколку месеци по завршувањето на снимањето, се врати во нормала и изгледа одлично.
Незаменливиот Christian Bale изгубил цели 30 кг за успешно да ја одигра главната улога во филмот “Machinist”. Јадејќи по само едно јаболко и шолја кафе на ден, актерот беше спремен да симне уште некој килограм повеќе, но неговиот личен доктор и режисерот на филмот го спречија, плашејќи се дека ќе си го наруши здравјето. Веќе до следната година тој мораше да се врати во нормала за потребите на Бетмен.
Благодарение на силната волја и редовно вежбање Jenny Hudson за само една година, го смали конфекцискиот број од 16 на 6! Па, ако претходно изгледаше добро, сега изгледа одлично.
Една од најпознатите јо-јо диети е онаа на Kristie Alley, чија тежина со години варира од 55 до 95 кг.
Многумина не сфаќаат дека главната улога во филмот “Hairspray” и водителката на едно познато шоу е всушност истата личност – Ricki Lake. Тоа е така бидејќи во меѓувреме таа симна цели 60 кг и е навистина нова личност.
Уште еден пример за тоа како килограмите влијаат на изгледот е актерката Sara Rue која успеа да симне 22 кг и сега изгледа неверојатно привлечно.
Познатиот судија од американското музичко шоу “Идол” Randy Jackson, заради проблеми со срцето мораше да се подвргне на бајпас операција, но претходно да симне 45 кг. Така, за една година од 136 кг, успеа да дојде до 90 кг. Линијата ја одржува со правилна исхрана и редовно вежбање.
Омилениот американски презентер на временска прогноза Al Roker, верувале или не, тежеше цели 160 кг и носеше костум број 60. По операција на срцето тој изгуби 63 кг, редовно вежба и здраво се храни.
Откако и беше дијагностициран висок крвен притисок и тежина од 118 кг, Mo'Nique изгуби 45 кг и го смали конфекцискиот број во 6 за само една година. Тоа го постигнува со строг режим на исхрана.
Познатиот дебелко и комичар Seth Rogan, сега е само комичар, благодарение на личен тренер со чија помош успеа да симне 13 кг за неколку месеци. Се согласуваме дека сега изгледа подобро, но сепак полничките комичари се секогаш посмешни.
Контроверзниот филмски режисер Michael Moore, изгуби 30 кг, благодарение на тоа што ги исфрли шеќерот и брашното од неговата исхрана и редовно пешачи по неколку километри.
Актерот Jared Leto за разлика од неговите колеги кои за потребите на одреден филм екстремно слабееа, мораше да качи цели 27 кг за улогата на убиецот на John Lennon во филмот “Chapter 27”. Подоцна имаше многу проблеми за да ги симне и да ја врати својата тежина во нормала, па изјави дека повеќе никогаш не би се нафатил на таков потег.
Не постои љубител на филмови кој не го знае и сака John Goodman. Откако достигна тежина од 166 кг, тој одлучи напорно да вежба, престана да користи шеќер и алкохол и симна околу 45 кг.