Бекам ја сака Пош и испотена
- Детали
- понеделник, 11 мај 2009
Фудбалерот ги демантираше гласините дека ја изневерува својата сопруга. Секогаш дотераната Пош фотографирана е без шминка откако вежбала во теретана.
Неодамна беа објавени фотографии од Дејвид Бекам (34) и унгарската манекенка Мариан Фогараси во Будимпешта. Но, фудбалерот призна дека не ја изневерил својата жена.
“Јас ја сакам само Викторија. Таа е единствена жена која ми е потребна. Немам потреба од други жени. Никогаш не сум бил на вечера со манекенката со која ме поврзаа медиумите. Не би имал време за фудбал кога би демантирал се што пишуваат весниците.“ - вели исплашениот Дејвид.
“Секогаш е весела. Изгледа како да не ја интересира што мислат останатите за неа“ - велат блиските за Викторија