Зошто е убаво да си Џеј Зи?
- Детали
- петок, 29 март 2013
Највлијателниот и најуспешниот рапер на сите времиња Џеј Зи дефинитивно има на што да биде горд. Неговиот живот е луксуз на секое поле.
Но, сепак ова се најдобрите 10 нешта зошто е одлично да си во кожата на Џеј Зи:
10. Негова жена е Бијонсе, најмоќната и најсексапилна жена на денешницата.
9. Џеј Зи успева да се спријатели со секаков тип на луѓе, па дури и со овие сиромашни дечиња чиј најголем успех е овој спот.
8. Успеа да надитри милиони луѓе да го купат неговиот “последен албум”.
7. Само тој може да ја именува својата ќерка Блу Ајви и да не звучи смешно.
6. Џеј Зи може да пее со бивши член на N Sync и сепак да не го загуби статусот на улична ѕвезда од Бруклин.
5. Успеа да купи болнички оддел за неговата сопруга.
4. Само Џеј Зи поседува 20 проценти од сè што постои во Бруклин.
3. Па затоа успева да преземе нешто од Њу Џерси и да го направи неверојатно успешно.
2. Единствено тој ги натера хипстерите да сакаат кошарка.
1. Се дружи и со влијателни луѓе кои секогаш му го чуваат грбот.