Која е вашиот избор: Моника Белучи или Анџелина Џоли?
- Детали
- понеделник, 04 февруари 2013
Двете поседуваат безвременска убавина на која ретко кој одолеал. Единствено спротивно се нивните животни приказни, кои на крајот резултирале со еднаков успех. Но, една мора да ви е омилена...
„Се чувствувам исто како зрела круша. Совршено набабрена и зрела. Толку слатка и сочна. Моментално сум во блажена состојба.“, изјавила Моника Белучи во една нејзина фотосесија.
Моника во детството собирала фотографии во вид на исечоци од магазини, од италијански глумици, па така го засакала актерството. Се запишала на правни студии и паралелно ја градела својата кариера како модел.
Неверојатна фигура, некарактеристична за бодел, облини и физички раскош. Бујна, црна коса, полни усни и совршено обликувано тело.
Таа уживала во своето тело уште од млади години и нема проблем со голотија:
„Не се плашам од голотија бидејќи за мене нема ништо поубаво од голо тело. Само така може да се доживеат вистински емоции и да се изразите сосема поразлично.“
Правилни црти на лицето, заводлив поглед, женственост и цврстина во едно. Анџелина Џоли имала проблематично детство заради тоа што била поразлична од другите.
Ниската самодоверба проследено со развод на родителите и несигурниот живот кој го водела израснал еден голем бунтовник.
Облечена во црно, со ножеви по џебовите, изградила висок ѕид кој многупати и помогнал во самоодбраната. „Собирав ножеви и секогаш гледав да ми се на дофат. Во душата секогаш сум била и ќе бидам мала панкерка со тетоважи“, изјавила Џоли.
Нејзината убавина е нешто непроменливо и досега невидено. Манекенството и првите актерски улоги и помогнале да изгради кариера на кои многумина и завидуваат.
Совршенството има едно име. Според вас, кое е тоа?