Викторија Бекам никогаш не чула за Новак Ѓоковиќ
- Детали
- вторник, 29 јануари 2013
Некогашната членка на поп групата Спајс Грлс, Викторија Бекам, а денес сопруга на англискиот фудбалер Дејвид Бекам, за време на гостувањето во познатата ТВ станица „Е“ јавно покажа дека не слушнала кој е Новак Ѓоковиќ.
На поставеното прашање, кој го освои Вимблдон 2012 година, од понудените одговори – Федерер, Мареј или Новак Ѓоковиќ таа одговори:
- Мислам дека не победи Мареј затоа што во тој случај Островот ќе беше преплавен со информацијата. Веројатно е Федерер (што е и точен одговор), затоа што за овој третиов никогаш не сум чула – рекла Викторија.
Одговорот ги збунил водителката и публиката, а таа се обидела да им објасни дека повеќе памти лица отколку имиња, па на прашањето кој е прв на АТП листата таа рекла:
- Да, сега се сетив – висок и црн така? Но, не помнам имиња, особено тие тешки РУСКИ имиња – рекла Викторија.