Како изгледа Касандра денес?
- Детали
- вторник, 04 декември 2012
Сè започна со Касандра. Секој ден, сите се местевме пред телевизорот и чекавме да ги гледаме новите солзи на Касандра, умешноста на Ранду со ножевите, мастрафите на баба Ерминија, гатањата на Доринда и патетиката на Луи Давид и Игнасио.
Кораима Торес, која беше сечија прва љубов од сапуниците, во моментов има 39 години.
- Поминаа две децении, а како вчера да почнавме да ја снимаме Касандра. До тогаш имав само неколку епизодни улоги во други серии, студирав право и одев на часови по глума. Касандра е мојата животна улога – изјавила Кораима.
Еве како изгледа денес кралицата на сапунските серии:
(Бидејќи не можеме да се сетиме, ќе може некој да сподели како заврши Касандра?)