Џенифер Анистон за прв пат го покажа огромниот свршенички прстен
- Детали
- вторник, 09 октомври 2012
Им дојде крај на гласините дека свршеничкиот прстен на Џенифер Анистон од Џастин Теру е “потценувачки” и “не баш голем”.
Актерката, 43, блескаше со каменот со големина на бебешка тупаница додека го милуваше лицето на нејзиниот свршеник во саботата во Санта Фе, Ново Мексико, каде што го снима филмот “We Are the Millers”.
Теру, наводно, помогнал при дизајнирањето на овој прстен за кој треба да носите заштитни очила и кој може да ви го скрши прстот, а тој веројатно одлучил дека што поголем-толку подобро.
Актерот и сценарист, кој досега не е женет, и го постави судбоносното прашање на Анистон на 10 август, додека тивко го прославуваа неговиот 41 роденден во еден ресторан во Њујорк. Според претставникот на Теру, поранешната госпоѓа Пит му дала “волшебен подарок” со тоа што ја прифатила неговата брачна понуда.
Свршувачката дојде по повеќе од една година состанување и седум години откако Анистон стана дел од озборуваниот Пит-Џоли љубовен триаголник.
Таа изјави дека тој и е заштитник. „Тој е навистина добар човек и многу е смешен.” Џастин е исто така среќен, што дури изјави дека “секоја вечер си легнувам со помислата дека сум најсреќниот човек на планетата.”
Нека им е со среќа!