Шакира и Пике чекаат синче
- Детали
- вторник, 02 октомври 2012
Откако минатиот месец Шакира објави дека е бремена, среќните вести не престануваат да доаѓаат.
Колумбиската пејачка се појави на една германска телевизија оваа недела и, среќна и со насмевка на лицето, им откри на своите фанови дека бебето што го носи е машко.
„Ќе добијам синче,” изјави таа за германската телевизија RTL, зборувајќи за своето прво дете што го очекува со нејзиниот дечко, Џерард Пике.
„Овој човек е најдоброто нешто што се случило во мојот живот. И сега ќе имаме бебе.”
Како хуманитарен работник, кој интензивно соработува со UNICEF, Clinton Global Initiative и дури основа и своја сопствена организација, Barefoot Foundation (Босоноги), таа изјави дека нејзината добротворна работа нема да прекине кога ќе стане мајка.
„Кога ќе се роди бебето ќе го носам со мене на добротворните патувања,” изјави таа. „Тој ќе дознае дека може да го промени светот.”