Анџелина Џоли продолжува да помага на бегалците
- Детали
- четврток, 13 септември 2012
За втор пат во два дена, Анџелина Џоли посети еден камп за бегалци.
Актерката, специјално пратена од Високиот комесаријат за бегалци на ОН (UNHCR), по посетата на сириските бегалци во Јордан, имаше средба со раселените жители од воено разурнатата зенха во Бејрут, Либан во средата.
Џоли беше придружувана од страна на шефот на УНХЦР Антонио Гутереш во кампот лоциран во долината Бика, каде што двајцата збореа со дел од безмалку 70.000 регистрирани бегалци во Либан.
„Знам дека либанскиот народ и самиот се справува со своите проблеми, својата економија, па затоа е уште позначајно што тие се толку великодушни и љубезни и се надевам дека светот ќе го признае и награди тоа”, изјави Џоли за време на прес-конференцијата.
Во текот на последниве 10 години, подобрата половина на Бред Пит посети десетина различни бегалски кампови низ целиот свет во име на УНХЦР.