Како успешно беше криена венчавката на годината?
- Детали
- среда, 12 септември 2012
Една од најголемите ѕвезди на CW се омажи и никој не знаеше за тоа?! Медиумите и јавноста се прашува како по ѓаволите Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс успеаа да го направат ова без никој да дознае?!
Изворите кажуваат дека одредени организатори, па дури и некои медиумски личности, знаеле за оваа голема дебела јужњачка свадба неколку недели претходно- што не е секогашслучај кога се работи за венчавка на две филмски ѕвезди.
Според изворите, тие луѓе биле многу, многу добри во криење на тајната. Или, што е многу поверојатно, адвокатите на Лајвли ги натерале да потпишат договори за дискреција дебели колку платформата на чевлите на Лејди Гага.
Дури и да немало договори за дискреција вклучени во оваа неочекувана венчавка, парот имал и подобар начин да ја скрие свадбата “под радарот”-локацијата на настанот, Чарлстон во Јужна Каролина.
„Во текот на изминатите неколку месеци, познатите личности намерно одбирале понуди, организатори и локации кои се различни од типичните места за свадба во Холивудски стил, со цел нивната венчавка да биде тајна”, изјави консултантот за венчавки Хармони Волтон, потенцирајќи дека Џејк Овен неодамна се ожени во Флорида, а Натали Портман го кажа судбоносното ‘да’ во Биг Сур, Калифорнија.
Исто така добро е што спомнатите кои учествувале во организацијата имаат помалку вработени- што значи помалку луѓе кои би можеле да разоткријат, и сите тие вработени од малите градови има помалку шанси да имаат, на пример, добри пријатели вработени во некој таблоид во Холивуд.
Во врска со изборот на местото на Лајвли, Волтон потенцира, “На југот, организаторите се научени да кријат тајни и да работат незабележано на настани без оглед на се. Тоа е начинот на кој тие работат.”
А ако не е така, секогаш тука се договорите за дискреција. До неодамна, типичниот договор за продавачот вклучувал пенал од $1 милион долари до $5 милиони долари за давање на информации на медиумите. Но, во поскоро време, Волтон вели “сум видела и договори за дискреција со казна од $20 милиони долари и $17милиони долари. Апсурдно е, на некој начин, затоа што бизнисот на повеќето професионални организатори на свадби ќе пропадне ако плати и само $1 милион долари. Ова е тактика со влевање страв.”
Можеби се прашувате и како двојката ја доби дозволата за брак- обично јавен документ. Можеме да ви го кажеме ова: службеничка вработена во администрацијата на Округот Чарлстон рекла “ние не ја венчавме Блејк Лајвли.”
Но, еве еден интересен факт: во Лос Анџелес, можете да добиете дозвола за брак од нотар, и локалните службеници може да не имаат запис за тоа уште една до две недели. Ако тоа е она што го направиле Лајвли и Рејнолдс, тоа е загарантиран извор кој нема шанси да ја издаде информацијата.
Во меѓувреме, некои од гостите не знаеле што ги очекува, затоа што им било кажано дека во Чарлстон се поканети на задоцнета роденденска забава за Лајвли, која на 25ти август ја наполни големата 25ка.