Блејк Лајвли е идеална жена
- Детали
- понеделник, 10 септември 2012
Секој кој го прочита новото интервју со Блејк Лајвли, објавено во списанието Marie Claire, вели дека таа е навистина идеална жена.
Убавата актерка која се прослави со својата улога во серијата Gossip Girl, тврди дека никогаш не пробала дрога, а и не пие алкохол.
„Иако неретко имам улога на зависничка од дрога, вистина е дека во животот немам пробано. А, алкохол, воопшто не пијам’“– изјавила Лајвли и открива дека во моментов е во фаза кога сака да готви.
„Кога би влегле во мојот дом, никогаш не би рекле дека е дом на актерка. Нема фотографии од настани од животот, нема сувенири од снимања. Би помислиле дека тоа е куќа на некоја лудача која нон стоп готви“ – тврди таа и додава дека нема проблем да признае дека има целулит: „Попрво би имала целулит и би отишла на пат околу светот за да го пробам секој можен сладолед!“