Роб сака да и прости на Кристен
- Детали
- четврток, 30 август 2012
Роберт Патинсон наводно се согласил да се види со Кристен Стјуарт, неколку недели по шокантното откритие за изневерувањето.
Близок пријател открил за таблоидот Look, дека Роб ја сожалува Кристен и дека е подготвен да поразговаараат лице во лице за се што се случило:
„Таа го преколнуваше да се видат и да разговараат. Цело време се обидуваше да дојде до него, а тој дури сега се согласи да се видат. Всушност, Роб е свесен дека на неа и е потешко затоа што во медиумите постојано е претставена како злобната, додека сите сочувствуваат со него“ – изјавил пријателот на Патинсон.
Поранешните љубовници се слушнале пред неколку дена и разговарале по телефон речиси цел час. Кристен во текот на разговорот го молела Роб да и се врати и ветувала дека ќе биде верна. Се претпоставува дека двојката нема да се сретне во јавност.
Дали вие би и простиле на Кирстен да сте на местото на Роб?