Се бакнаа Мет Дејмон и Мајкл Даглас
- Детали
- петок, 03 август 2012
Актерите Мет Дејмон и Мајкл Даглас неодамна се видени како се бакнуваат страсно, но на среќа на нивните сопруги, станува збор за снимање на сцена од телевизиската драма "Behind The Canelabra".
Се работи за биографска приказна за познатиот американски пијанист Либерачи кој бил заразен со сида и починал во 1987 година.
Легендарниот актер Мајкл Даглас во филмот ќе го глуми пијанистот, кој во седумдесеттите години од минатиот век бил еден од најплатените изведувачи на светот.
Неговиот возач Скот Торсон, за кој имало сомнежи дека е негов љубовник, ќе го глуми Мет Дејмон. Како што открива режисерот Стивен Содерберг, гледачите ќе имаат прилика да видат сцени на бакнување меѓу двете актерски ѕвезди, нешто што го потврди и Дејмон.
„Според сценариото, би требало да се бакнеме неколку пати. Никогаш не ни сонував дека еден ден ќе го бакнам Мајкл Даглас“ рекол Дејмон.
Драмата за Либерачи би требало да има телевизиска премиера на каналот „HBO“ идната година. Снимањето на филмот беше закажано за 2008 година, но беше одложено поради болеста на Мајкл Даглас.
Либерачи никогаш јавно не признал дека е геј, но овие гласини постоеле отсекогаш. Познатата актерка и негова блиска пријателка Бети Вајт минатата година откри дека пијанистот навистина бил хомосексуалец.
03.08.2012 (Макфакс)