Ќерката на Џоли и Пит сака да биде машко
- Детали
- среда, 30 мај 2012
Има само 6 години, а веќе прави проблеми. Првото биолошко дете на славната двојка Џоли-Пит, Шајло, никогаш не ја интересираат женски играчки...
...секогаш ја привлекуваат оние за момчиња.
Не сака долга коса, не сака да се облекува како девојче, а сега сака и да и се обраќаат со машко име.
Таа прво побарала да ја викаат Џон, а сега сака да и го сменат името во Шакс, слично на нејзиниот 10 годишен брат Медокс и 8 годишниот Пакс.
Со сестрата Захара се дружи многу ретко, затоа што не и се интересни нејзините игри за девојчиња.
„Шајло отсекогаш е нашата црна овца. Се на неа е исто како кај Бред. Сака да командува, тврдоглава е, за неа не постои зборот „не“ – изјавила Анџелина.