Придружниот вокал на Хрватска крадел слики во Азербејџан
- Детали
- среда, 23 мај 2012
Пратечкиот вокал на овогодинешната хрватска претставничка на Евровизија, Нина Бадриќ, Ивана Чабраја, наводно е фатена во...
...кражба на уметнички слики во хотелот „Хилтон“ во главниот град на Азербејџан.
Членката на хрватската евровизиска делегација, симнала неколку слики од ѕидовите и ги спакувала во својот куфер без да ги забележи сигурносните камери.
Обезбедувањето на хотелот веднаш интервенирало, а менаџментот на „Хилтон“ ја повикал Ивана и остатокот од делегацијата на разговор, за да се избегне скандал од поголеми размери.
- Точно е дека имавме проблем со хрватската делегација, но политиката на хотелот е дека јавно не смееме да изнесуваме никакви информации за гостите и инцидентите во кои учествуваат – изјавил еден од менаџерите на Хилтон, Кади Мехмедов.
Ова не е единствен проблем кој менаџментот на азербејџански Хилтон го имаше со Хрватиците.
Дел од членовите на оваа делегација во пијана состојба пред некоја ноќ лупале на вратите на другите гости со знамиња.