Крис Џенер (69) има нов изглед кој ја претвори во девојче – пробува да изгледа исто како ќерките Ким и Кендал
- Детали
- четврток, 24 април 2025
Таа го промени имиџот кој го има со години, а изгледа и направила нови процедури за подмладување – прво се појави со фризура иста како Ким, а сега сите ја споредуваат со Кендал Џенер. Како мама Крис преку ноќ се претвори во девојче, иако има 69 години?
Крис Џенер, мајката и менаџерот на Кардашијан-Џенер кланот, со години негува ист изглед и имиџ.
Иако ретко експериментира со косата, неодамна, двапати се појави со целосно променет и трансформиран изглед.
Првиот пат, во март, таа беше на настан со кратка, но исправена и залижана коса, што воопшто не наликува на нејзината препознатлива пикси фризура.
Еден прамен ѝ беше свиткан на челото како моден додаток, а многумина тогаш ја споредија со Ким Кардашијан која претходно се има појавено со истата фризура, но и со Кортни.
Но, пред неколку дена, ријалити ѕвездата предизвика лавина коментари, кога објави фотографија на која изгледа како девојче.
Во ликот изгледа целосно подмладено, па веројатно има направено нови процедури на лицето, а фризурата повторно ѝ е сосема поразлична од нејзината, благодарение на што изгледа 20-тина години помладо.
Многумина дури и не беа сигурни дали е тоа Крис, или некоја од нејзините ќерки Ким или Кендал, на кои многу наликува.
Дел од коментарите на нејзината објава гласат:
„Мислев дека е Кендал“ / „Близначка на Кендал“ / „Прекрасна си, изгледаш помладо и помладо“ / „Сите велат дека личи на Кендал, но јас ги гледам очите на Ким, сепак, секако е прекрасна“ / „Не е до фризурата, изгледа како да го посетила докторот на Линдзи Лохан, кој подмладува без да личи вештачки“.
Дали мама Крис намерно се обидува да го копира изгледот на ќерките и да наликува на нив, или едноставно промената на имиџот направи да ја истакне нивната сличност, проценете сами.
Прочитајте и Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





