Го оставила сопругот за него: Која е жената што го „растури“ бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер?
Џенифер Гарнер дознала за аферата во периодот кога се разделија со Бен
Според извор на Us Weekly, Џенифер Гарнер дознала за аферата во 2015 година и наводно дури и разговарала со Линдзи.
„Линдзи ѝ рече дека ќе престане да се гледа со Бен само ако тој го посака тоа. Не сакаше да отстапи“.
Првпат се појавија како пар во 2017-та
Бен и Линдзи беа забележани во јавност во 2017 година, пред да биде финализиран разводот со Џенифер Гарнер.
Со тоа потврдија дека се пар и уште толку ги разгореа гласините дека се заедно веќе неколку години.
Во меѓувреме, Џенифер Гарнер пробувала да ја прифати целата ситуација без да прави драми.
„За Џенифер не е лесно. Секако дека има проблеми кога ќе се земе предвид дека Бен имаше афера. Но, Џен е силна жена и е во ред.
Сега најважна ѝ е среќата на децата. Можеби ќе ѝ беше полесно ако Бен беше во врска со жена што таа не ја знае“.
Бен и Линдзи раскинаа следната година
Само една година откако ја потврдија врската, Бен и Линдзи раскинаа. Наводно, голем удел имала зависноста од алкохол на Бен.
ТоЈ период Бен неколкупати одеше на рехабилитација и иако Линдзи го поддржувала, не можела да го поднесе и притисокот од јавноста.
Сепак, двајцата се немаат огласено за раскинувањето и точната причина не е позната.
Имаа кратка врска и пред Бен да се смири со Џеј Ло
Во 2019-та, околу пет месеци откако раскинаа, Бен и Линдзи повторно почнаа да се гледаат.
„Се познаваат одамна и имало периоди кога не зборуваат. Но, на крај секогаш си се враќаат еден на друг“, изјави извор близок до парот.
Но, овој пат врската траеше уште пократко и раскинаа, но повторно не се знае зошто.
Тој период, веќе почнаа гласините дека Бен повторно е во контакт со Џеј Ло и набрзо потоа тие потврдија дека се смириле.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





