Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите мемоари
Бритни Спиарс - The Woman In Me
Еден од најскандалозните детали во биографската книга на Бритни Спиарс е признанието дека абортирала на 19 години, а татко на бебето бил Џастин Тимберлејк.
„Плачев и се гушев во солзи додека не заврши. Не се сеќавам на детали, но по 20 години ио понатаму ја памтам болката и стравот што го чувствував“ - пишува Бритни.
Таа открива и дека абортирала бидејќи Џастин не сакал да стане татко, па ја натерал да „се ослободи“ од бебето, иако од родителите била воспитувана дека „никогаш не смее да направи абортус“.
Том Фелтон - Beyond the Wand: The Magic and Mayhem of Growing Up a Wizard
Актерот во својата биографија зборува за борбата со алкохолот.
Тој пишува дека причината за опивањето биле менталните проблеми кои ги имал долго време.
Трипати одел на клиника за одвикнување, а во една ситуација, неговата тогашна девојка организирала „интервенција“ - ги собрала неговиот менаџер и пријателите да му укажат дека се уништува и да го испратат на лекување.
Меѓу луѓето бил и неговиот адвокат.
„Се сеќавам дека ми рече: Том, ми делуваш како фин човек. Ова е моја 17-та интервенција. Единаесет од тие луѓе се мртви. Немој да бидеш 12-тиот“ - пишува во книгата на Фелтон.
Џејда Пинкет Смит - Worthy
Во своите мемоари, Џејда Пинкет Смит откри дека 7 години е разделена од сопругот Вил Смит, но дека никој не знае за тоа.
Таа пишува и за битката со депресијата и очајот, кои почнале кога наполнила 40 годнини.
Таа е порасната со татко алкохоличар и мајка зависник од наркотици, а можеби најголемиот скандал кој го открива е дека продавала дрога пред да почне да се дружи со Тупак Шакур во средно училиште.
Метју Пери - Friends, Lovers and the Big Terrible Thing
Биографијата на починатиот актер опишува како потрошил 9 милиони долари во обид да се ослободи од пороците, дека бил на преку 6.000 состаноци на анонимни алкохоличари, 15 пати се пријавил во клиника за одвикнување и 65 пати на детоксикација.
Тој раскажува и за прснатото слепо црево, по што паднал во кома и едвај го спасиле.
А сето ова започнало по несреќа на скијање во 1997 година, кога почнал да пие апчиња против болки - во еден момент земал по 55 пилули Викодин на ден.
Тој тврдеше и дека ги надминал сите зависности - почна под сомнителни околности во 2022, една година по издавањето на мемоарите.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





