Ѝ покажувал видеа и фотографии од голи жени, ја допирал: Зошто Блејк Лајвли го тужи режисерот на нејзиниот нов филм?
Адвокатскиот тим тврди дека Блејк се заканувала дека нема да се појави на снимања и дека нема да го промовира филмот, со што ќе му нанесе штета на режисерот.
Сепак, и покрај изјавите на адвокатите, Блејк доби поддршка од неколку колешки.
Трите актерки со кои се појави во филмот The Sisterhood of Traveling Pants споделија заедничка изјава на Инстаграм:
„Погодени сме од фактот што дури и кога една жена е силна, славна и талентирана како нашата пријателка Блејк, може да се соочи со одмазда бидејќи се осмелила да побара побезбедна работна околина.
Инспирирани сме од храброста на нашата сестра да истапи за себе и другите“.
Една од колешките додава и дека Блејк ѝ се доверувала токму неа додека го трпела малтретирањето од режисерот.
„Се сеќавам колку болно беше целото искуство за неа. Мило ми е што ова излезе на виделина“.
Блејк доби поддршка и од авторката Колин Хувер според чија книга е снимен филмот.
Таа сподели линк до новинарски текст за тужбата, со опис:
„Блејк, од денот кога се сретнавме е искрена, добра и трпелива.
Ти благодарам што си таква личност. Никогаш немој да се промениш“.
За потсетување, гласините за проблематичното однесување на режисерот се ширеа и пред тужбата на Блејк.
Според анонимни извори кои биле на сетот, неговиот пристап кон болната тема во филмот бил шовинистички и тој се соживеал во улогата на насилник.
Но, брзо се случи пресврт откако Блејк почна да го промовира филмот како романтична комедија, а не филм кој обработува теми како семејно и сексуално насилство.
Беше оценувана како „плитка личност“, а многумина почнаа да споделуваат стари интервјуа на кои актерката се однесува како разгалена дива.
Сепак, и покрај проблематичното однесување, јавноста смета дека е во право за режисерот и ја поздравуваат нејзината храброст да зборува за целата ситуација.
Спирова С. | Црнобело