Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти
- Детали
- среда, 18 декември 2024
Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со облик на висока потпетица“... Дали Ким претера овој пат?
Ким Кардашијан е подготвена да остави впечаток каде и да се појави, без оглед на сè.
Таа неодамна си го скрши стапалото, но тоа не ја спречува да се движи и да си ги врши обврските.
Всушност, таа најде начин да се движи со помош на тротинет, а традиционалниот гипс си го направи во облик на чевел со висока потпетица.
Ким дури успеала да си направи црвен маникир на ноктите на повреденото стапало.
Ријалити ѕвездата на Инстаграм се пожали дека се повредила токму во екот на празниците, но тоа не ја спречи да присуствува на отворањето на нејзината нова продавница во Њујорк.
По повредата, а пред да стави гипс, таа носеше дури и високи потпетици, но во текот на вечерта ги замени со удобни чизми.