Ѕвезди кои одбиваат да си ги средат забите
- Детали
- вторник, 13 март 2012
Совршените блескао бели заби веќе долго време не се никаква новост меѓу холивудските ѕвезди, а за нив сонуваат и многу обични луѓе. Баш заради...
...тоа ни е чудно кога ќе видиме дека постојат и такви кои не сакаат да ги заменат своите несовршени природни заби, а сепак си тераат завидна актерска или пејачка кариера.
Ова се 9 ѕвезди кои се горди на своите „негламурозни“ заби:
1. Ана Пакин. Актерката која и покрај разделените предни заби заработува мошне добро.
2. Мадона. Исто така препознатлива по своите разделени предни заби.
3. Кирстен Данст. Нејзините фанови ја преколнуваа да си ги среди забите, но таа го одби овој предлог.
4. Вуди Харелсон.
5. Jewel. Тврди дека токму специфично наредените заби биле пресудни за да ја добие својата прва улога.
6. Ванеса Парадајс. Забите на оваа Французинка биле клучни за започнување кариера на 13 години.
7. Сил. И покрај несовршените заби успеа да ја ожени една од најубавите жени на светот.
8. Лорен Хилтон. Зад себе има успешна кариера на модел и актерка.
9. Стив Бускеми. Публиката го обожава, а тој тврди дека покрај талентот за глумење, забите се второто највредно нешто кое го поседува.