Четвртиот развод на Џеј Ло и уште 11 настани од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2024-та
- Детали
- недела, 15 декември 2024
Апсењето на Пи Диди и разводот на Џеј Ло се меѓу најзборуваните настани од шоу-бизнисот за 2024 година.
2024 е пред самиот крај, па време е да се присетиме на настаните (и скандалите) од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа.
Разводи, свадби, апсења, но и трагедии се само дел од настаните за коишто се зборуваше наголемо.
Кои настани ја одбележаа 2024-та?
Обвиненијата против Пи Диди
Дефинитивно најголемиот скандал за годинава се обвиненијата против Пи Диди и неговото апсење.
На раперот, кој моментално е зад решетки, му се суди за трговија со луѓе и принуда проституција на забавите што ги одржувал во неговиот дом.
Во меѓувреме, се јавија и многу потенцијални жртви со обвинение дека ги нападнал или силувал и настрана од озлогласените забави.
Разводот на Бен Афлек и Џеј Ло
Иако обединувањето на Бен Афлек и Џеј Ло беше налик бајка, парот сепак не издржа долго.
Џеј Ло поднесе барање за развод на денот на втората годишнина од нивната свадба, а засега ниту еден од нив се нема огласено за разделбата.
Трагичната смрт на Лиам Пејн
2024-та ја одбележаа и неколку трагедии, вклучувајќи ја смртта на Лиам Пејн – пејачот кој се прослави со One Direction.
Истрагата за неговата смрт уште е во тек, но познато е дека паднал од прозорец од хотелска соба во Аргентина, додека бил под дејство на дрога.
Апсењето на Џастин Тимберлејк
Вo период кога пробуваше да си ја подобри репутацијата, Џастин Тимберлејк беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба.
Пејачот стана и мета на шеги бидејќи наводно, полицаецот кој го застанал бил премногу млад, па не го ни познал.
Секако, во јавност излезе и фотографијата направена во полициската станица, а на крај обвиненијата против него беа отфрлени бидејќи сепак станувало збор за многу мал прекршок.
Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот
Смртта на Шенон Доерти е уште една трагедија што ја потресе јавноста.
Актерката му подлегна на ракот откако болеста се проширила и на нејзиниот мозок.
Разводот на Бритни Спирс
Изминативе неколку години воопшто не беа здодевни за Бритни – се ослободи од старателството на татко ѝ, се венча, а годинава и се разведе.
Не е познато што довело до разводот на Бритни и Сем Ашгари, а последна новост од пејачката е дека се сели во Мексико и дека ќе практикува целибат.