Го однесе на рехабилитација, го теши по разводот: Дали Џенифер Гарнер е „вистинската“ за Бен Афлек?
Иако беа разведени, Џенифер остана покрај него додека Бен се бореше со алкохолизмот, а актерот одлучи и јавно да ѝ се заблагодари.
„Среќен сум што ја имам љубовта на моето семејство и пријателите, вклучувајќи ја и Џен, која ме поддржа и која се грижеше за нашите деца“.
Имено, Гарнер била таа која го натерала да оди на рехабилитација во 2018-та.
Актерката дознала дека дома организирал забава каде што испил многу алкохол, па заедно со децата и помошник од центар за алкохоличари, отишла кај него.
Оттаму, го однела во центар за рехабилитација.
Подоцна извори открија дека тој период Бен бил во ужасна состојба и Џенифер се плашела дека нивните деца ќе останат без татко.
Па, морала да интервенира.
Оттогаш тие продолжија заедно да се грижат за нивните деца, а и редовно си даваа комплименти во јавност.
А, во 2020-та, Афлек изјави дека во животот најмногу зажалил за разводот од Гарнер.
Кога Бен ѝ се врати на Џеј Ло, Гарнер го поддржуваше, а според некои извори, кога почнале проблемите во врската, дури и пејачката почнала да ѝ се доверува.
„Џеј Ло ѝ се доверува на Џен бидејќи таа е единствената личност која ја разбира.
Го има поминато истото со истиот маж и иако околностите за нив беа различни, проблемите се слични“.
Бракот на Бен и Џеј Ло не издржа и тие се разделија во април годинава.
Додека Џеј Ло продолжи по својот пат, Бен повторно бара утеха кај Џенифер Гарнер, како многупати претходно.
Тие заедно го поминаа Денот на благодарноста, каде што делеа храна за бездомници во Лос Анџелес, а потоа биле во домот на Гарнер со нивните деца.
„Бен и Џен се радосни за празникот, а Бен едвај го чека опуштениот ден со многу храна, пред да мора да се врати на работа.
Денот на благодарноста е за опуштање, па Бен ќе го помине мирно, а Џен (Гарнер) сака да му го направи денот што е можно полесен“.
Спирова С. | Црнобело