Почина Лиам Пејн од One Direction – Ја уништил хотелската соба, па паднал од третиот кат во хотел во Аргентина

Непосредно пред падот од хотелската соба вработените викнале полиција, но кога пристигнале на местото на инцидентот медицинските екипи можеле само да констатираат смрт – детали за смртта на Лиам Пејн.

Pochina-Liam-Pejn-01.jpg

Членот на светски познатата група One Direction, Лиам Пејн (31) почина вчера (16.10) откако паднал од третиот кат во хотел во Аргентина.

Лиам бил сместен во хотелот Casa Sur Palmero, а според информациите објавени во британските и аргентинските медиуми, тој се однесувал насилно.

pochina-liam-pajn-od-one-direction-ja-unishtil-hotelskata-soba-pa-padnal-od-tret-kat-vo-hotel-vo-argentina-05.jpg

Вработен во хотелот изјавил дека непосредно пред падот на музичката ѕвезда морал да повика полиција заради агресивното однесување на гостинот.

Според неговата пријава, видливо било дека Лиам е под дејство на алкохол и опојни супстанци.

„Лиам се однесуваше агресивно и го скршил лаптопот во хотелското лоби, по што присилно бил однесен во неговата соба” – пишуваат аргентинските медиуми.

pochina-liam-pajn-od-one-direction-ja-unishtil-hotelskata-soba-pa-padnal-od-tret-kat-vo-hotel-vo-argentina-03.jpg

Од снимените полициски разговори се слуша како вработениот во хотелот им вели на полицајците:

„Кога е во свесна состојба, ја уништува хотелската соба и потребна ни е ваша интервенција“.

На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии на кои се гледа уништената соба на музичарот.

pochina-liam-pajn-od-one-direction-ja-unishtil-hotelskata-soba-pa-padnal-od-tret-kat-vo-hotel-vo-argentina-04.jpg

Инаку Лиам претрпел големи повреди по падот од третиот кат, па медицинските екипи кои што пристигнале на местото на инцидентот можеле само да констатираат смрт.

Лиам во Аргентина пристигнал за да присуствува на концертот на некогашниот колега од бендот Нajл Хоран.

pochina-liam-pajn-od-one-direction-ja-unishtil-hotelskata-soba-pa-padnal-od-tret-kat-vo-hotel-vo-argentina-02.jpg

Се претпоставува дека заедно со него била и неговата сегашна партнерка Кејт Кесиди.

pochina-liam-pajn-od-one-direction-ja-unishtil-hotelskata-soba-pa-padnal-od-tret-kat-vo-hotel-vo-argentina-07_copy.jpg

Инаку, смртта на познатиот музичар следува само неколку дена откако неговата поранешна партнерка Маја Хенри поднела пријава против него за вознемирување.

pochina-liam-pajn-od-one-direction-ja-unishtil-hotelskata-soba-pa-padnal-od-tret-kat-vo-hotel-vo-argentina-06_copy.jpg

Моделот тврди дека Лиам опсесивно ѝ се јавувал нејзе, на нејзините пријатели, но и на мајка ѝ.

Инаку, пејачот во 2023-та година изјави дека бил 100 дена на рехабилитација од алкохол и опојни супстанци и дека се труди да остане трезен. Тој има 8-годишен син со британската поп пејачка Шерил Кол.

На следната страница повеќе фотографии и видеа од хотелот каде што почина Лиам...



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 год... Минатата година, Лиам Пејн се пофали дека е трезен 100 дена и дека конечно се ос...
Што ѝ претходело на смртта на Лиам Пејн – Девојката го оставила сам, продуцентите му го раскинале до... „Требаше да бидеме во Аргентина 5 дена, а останавме 2 недели, само сакав да си о...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg