Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсент Касел (57)
- Детали
- петок, 20 септември 2024
На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со 30 години помлада девојка. Актерот веќе стана познат по скандалозните врски, а наводно ѝ бил неверен и на убавата Моника Белучи и често имал афери со многу млади девојки.
Иако е добар актер, за многумина Винсент Касел е познат како поранешниот сопруг на Моника Белучи.
А, добро познат факт е и дека сака помлади девојки.
57-годишниот француски актер неодамна откри дека очекува дете со неговата 30 години помлада девојка, и тоа околу една година откако се разведе од претходната сопруга.
Неколку детали за скандалозниот љубовен живот на Винсент:
Моника Белучи му била „прва вистинска љубов“
Актерот самиот има изјавено дека пред да ја запознае Моника Белучи, не ни помислувал на брак и бил промискуитетен.
„Бев активен млад маж, скокав од една девојка на друга. Не останував со една повеќе од три, четири месеци.
Моника беше мојата прва вистинска љубов“, изјави тој во 2009-та, додека уште беше во брак со убавата актерка.
Со Моника се венча во 1999 година
Винсент и Моника се запознале во 1996-та на сетот на нивниот заеднички филм The Apartment.
Се венчаа во 1999-та, а добија и две ќерки – Дева и Леони.
Интересно е што за разлика од девојките со кои излегува сега, Моника е всушност две години постара од Винсент.
Гласини за неверство
Моника и Винсент беа заедно дури 14 години, пред таа да поднесе барање за развод во 2013-та.
Двајцата не открија детали за разводот, но се појавија гласини дека Винсент бил неверен и често имал афери со многу помлади девојки.
Втората сопруга беше 30 години помлада од него
Во 2016 година, почнаа да се јавуваат гласини дека Винсент се гледа со моделот Тина Кунаки која е 30 години помлада од него.
И двајцата беа критикувани, но Тина тврдеше дека не знаела кој е актерот кога го запознала.
„Беше волшебно кога се запознавме.
Претходно, немав слушнато ништо за Винсент Касел и не знаев кој е, сè додека не почнаа да нè фотографираат папараци“.
Кога ја почнаа врската, Тина имаше само 19 години, но самата тврдеше дека била „зрела за своја возраст“.