Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсент Касел (57)
Добија и дете
Околу две години откако ја почнаа врската, Винсент и Тина се венчаа.
Критиките за возрасната разлика не изостанаа, па актерот се бранеше изјавувајќи дека секој маж може да почне ново поглавје од животот на која било возраст.
Во 2019-та, тие добија ќерка – Амазони.
Се разведоа во 2023 година
Пет години откако се венчаа, Винсент Касел ги избриша сите Инстаграм фотки со Тина, по што се јавија гласини дека на нивниот брак му дошол крајот.
Ни Тина, ни Винсент не открија зошто се разделиле, единствено извори блиски до парот тврдеа дека Тина била со скршено срце.
Па, се претпоставува дека Винсент бил иницијатор за разделбата.
Не се познати ни детали за нивниот развод кој беше финализиран истата година.
Винсент не чекаше долго за да си најде нова девојка
Винсент и Тина се разделија околу април, но до октомври истата година, актерот веќе беше забележан со нова, многу помлада девојка.
30 години помладата Нара Батиста е исто така модел, а парот беше неколкупати забележан како разменува нежности во јавност.
А, многумина забележаа дека новата девојка, Нара, е како копија на претходната сопруга Тина.
И со неа очекува дете
Околу една година откако се разведе од втората сопруга, Винсент очекува дете со новата девојка.
Нара сподели неколку фотки на инстаграм на кои ѝ се гледа стомачето.
„Мама те чека“, стои во описот.
Актерот, пак, ѝ истави коментар:
„Среќен сум што си во мојот живот“.
Спирова С. | Црнобело