Славни личности кои се венчаа без предбрачен договор (и платија скапо за тоа)
Пол Мекартни и Хедер Милс
Пол Мекартни и неговата втора сопруга се венчаа во 2002-ра, а се разведоа шест години подоцна.
Немаа предбрачен договор и кога ќе се земе предвид богатството на Пол, можеби не е чудно што Хедер побарала многу пари.
Тој период, Хедер била сигурна дека пејачот има богатство од околу 1,6 милијарди долари и побарала дури 250 милиони од него.
Сепак, пејачот имал „само“ 800 милиони и на крај ѝ исплатил 48 милиони.
Покрај тоа, плаќал и алиментација – 70.000 долари годишно – за нивната ќерка.
Мајкл Џордан и Хуанита Ваној
Кошаркарот и Хуанита беа во брак 17 години и немаа предбрачен договор.
А, бидејќи Мајкл стекна најголем дел од богатството додека беа заедно, Хуанита побарала огромна сума.
На крај, кошаркарот ѝ исплати скоро 170 милиони долари на Хуанита.
Арнолд Шварценегер и Марија Шивер
Арнолд и Марија беа во брак 25 години, во период кога актерот стекна голем дел од своето богатство.
А, тоа што немаа предбрачен договор и ја изневери Марија со куќната помошничка не му помогнало на суд.
Разводот на Арнолд и Марија „се влечеше“ цела деценија и се финализира дури во 2021-ва.
На крај, Марија доби 50% од целото богатство на актерот, вклучително и половина од парите во неговиот пензиски фонд.
Мел Гибсон и Робин Гибсон
Мел и Робин се венчаа во 1980 година, кратко пред тој да почне да се прославува, па веројатно затоа не ни помислиле на предбрачен договор.
Но, до разводот во 2011-та, актерот веќе имаше богатство од 850 милиони долари.
А, бидејќи беа во брак кога тој ги заработи парите, половина ѝ припаѓаа на Робин. Односно, актерот ѝ исплати нешто повеќе од 400 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело