Славни личности кои отворено признаваат дека не се во контакт со блиски членови од семејството

Еминем

Еминем пораснал без контакт со неговиот татко, тема што ја обработува во голем број свои песни.

Во раните 2000-ти, татко му се обидел да допре до својот син преку отворено писмо, кое е објавено и во The Daily Mirror, а во кое ги негирал тврдењата на Еминем дека тој ги напуштил пејачот и неговата мајка.

Во писмото татко му тврдел дека раперот целото време бил „хранет со лаги“.

Еминем не одговорил на ова писмо.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-06.jpg

Ријана

Во 2011 година, отворено за Vogue, Ријана прозборе за нејзината долгогодишна отуѓеност од нејзиниот татко.

Претходно, таа зборувала за борбата на татко ѝ со зависноста од дрога и фактот дека физички ја малтретирал нејзината мајка.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-07.jpg

Адел

Поголем дел од времето, Адел растела без татко ѝ во нејзиниот живот.

Таа повремено го посетувала, но не чувствувала дека има некаква врска со него.

Во 2017 година, по добивањето на Греми наградата за песната Hello, Адел му рекла на својот менаџер:

„Ти должам сè. Заедно сме десет години и те сакам како да си ми татко. Не го сакам татко ми“.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-08.jpg

Кристина Агилера

Кристина Агилера отворено признала дека нејзиниот татко ја малтретирал како дете, како физички, така и емоционално.

Додека растела се чувствувала немоќно и се свртела кон музиката, како „издувен вентил“.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-09.jpg

Мараја Кери

Во своите мемоари, Мараја Кери зборува за отуѓената постара сестра, Алисон, за која вели дека ја хранела со дрога и како дете насилно ја нападнала, истурајќи ѝ врела вода.

„Не ме гледаше. Гледаше долу во нејзината шолја со чај во раката, а кога го подигна лицето, нејзините очи беа бесни“ - споделува Кери.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-priznavaat-deka-ne-se-vo-kontakt-so-bliski-chlenovi-od-semejstvoto-02.jpg

М. Ѓ. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Гордоста на тато: Еминем танцува со ќерката на нејзината свадба, мајка ѝ ја нема на семејните фотки Младоженецот по 9 години врска одлучил да ја запроси Хејли, ќерката на Еминем, н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg