Имала слепило на едното око, со родителите побегнале од Украина – Тажни детали од животот на Мила Кунис
Првиот бакнеж ѝ бил пред камера
Мила лажела за својата возраст кога ја добила улогата во That 70’s Show – имала само 14 години.
А, во серијата, нејзиниот сегашен сопруг, Ештон Кучер, глуми нејзин дечко.
Тие се бакнуваат уште во првите епизоди од серијата, а првиот бакнеж на Мила ѝ бил токму пред камера, и тоа со Ештон.
„Режисерот ни рече ’Ќе треба да се бакнете за оваа сцена‘. Си помислив дека тој бакнеж сигурно е нелегален.
Дотогаш немав бакнато момче. Ештон ми беше привлечен, но јас бев 14-годишно исплашено девојче“.
Имаше долга врска со Меколи Калкин
Мила Кунис и Меколи Калкин беа заедно дури осум години пред да раскинат во 2011-та.
Мила прозборе за врската дури во 2018-та, кога се обвини себеси за раскинувањето и истакна дека тој период бил ужасен и за неа, и за Меколи.
„Направив нешто многу лошо… Беше ужасно. Кога раскинавме, само си помислив дека морам да се пронајдам себеси.
Морав да сфатам зошто го повредив и да станам подобра личност“.
Со години имала слепило на едното око
Можеби не сте забележале, но очите на Мила Кунис имаат малку различна боја.
Актерката со години имала воспаление на едното око кое резултирало со хетерохромија, катаракта, па и делумно слепило кое траело неколку години.
И, долг период успешно го криеше овој детаљ од јавноста.
„Многу години имав слепило на едното око и никој не знаеше. Сега видот ми е во ред – пред некое време ми направија операција.
Ми го отворија окото и ми ставија нова леќа“, изјави таа пред неколку години.
Беше критикувана од јавноста бидејќи го поддржуваше Дени Мастерсон
Мила Кунис и Ештон Кучер беа добри пријатели со Дени Мастерсон – колегата од That 70’s Show кој моментално е во затвор за силување.
Но, пред да биде осуден, Мила и Ештон јавно застанаа на негова страна и не им веруваа на жртвите.
Кога на суд се докажа вината на Дени, тие пробаа да се извинат, но на многумина не им се допадна видеото и до денес изгубија многу фанови и голема поддршка од јавноста.
Спирова С. | Црнобело