Шон Пен за бурниот брак со Мадона: „Не сум ја врзувал или удирал со бејзбол палка, но дома ни дојдоа специјалци“

Во 2015 година, Шон Пен тужеше колега кој го обвини дека бил насилен и ги удирал сите негови партнерки.

Тогаш Мадона застана во негова одбрана, и во судница изјави:

„Иако сме имале повеќе од една жестока караница додека бевме во брак, Шон никогаш не ме удрил, не ме врзал и не ме нападнал на каков било начин.

Секое обвинение што го тврди спротивното е лажно“.

Подоцна Шон Пен и колегата го решија спортот приватно, а актерот доби јавно извинување.

shon-pen-za-burniot-brak-so-madona-ne-sum-ja-vrzuval-ili-udiral-so-bejzbol-palka-no-doma-ni-dojdoa-specijalci-13.jpg

За причините за разделбата на Мадона и Шон има безброј теории, но наводно популарноста на пејачката играла најголема улога.

Мадона и Шон се запознале во 1985 година, веднаш почнале врска и се венчаа само неколку месеца подоцна.

Соработуваа на неколку проекти, а Мадона му го посвети на Шон и нејзиниот трет студиски албум – True Blue.

Но, во 1987 година, Мадона поднела барање за развод. Она што е почудно е што само две недели подоцна се премислила и го поништила барањето.

shon-pen-za-burniot-brak-so-madona-ne-sum-ja-vrzuval-ili-udiral-so-bejzbol-palka-no-doma-ni-dojdoa-specijalci-05.jpg

Во 1989 година повторно поднела барање за развод и истата година тие и официјално се разведоа.

Покрај гласините за насилство, извори блиски до парот велат дека главната причина била популарноста на Мадона која почнала да предизвикува љубомора кај Шон.

„Во трите години откако Мадона и Шон се запознаа, таа се претвори од надежна пејачка, во најбогатата пејачка во светот. Се сменија и очекувањата што ги имаа од врската.

Додека Мадона сакаше брак каде што ќе бидат рамноправни, Шон сакаше потрадиционален брак, каде што тој ќе биде ’мажот‘“, има изјавено еден од изворите.

shon-pen-za-burniot-brak-so-madona-ne-sum-ja-vrzuval-ili-udiral-so-bejzbol-palka-no-doma-ni-dojdoa-specijalci-03.jpg

Популарноста на двајцата значела и дека постојано биле следени од папараци, а периодот пред да се разделат, Мадона работела уште повеќе, додека Шон почнал да пие многу алкохол.

Кратко пред разделбата, Мадона и Шон имаа жестока расправија во јавност, но овие караници биле секојдневие зад затворени врати.

„Караницата беше уникатна бидејќи беше многу јавна…

Но, тоа беше само една од драмите во последните месеци од нивниот брак, додека односот им се влошуваше“, вели истиот извор.

shon-pen-za-burniot-brak-so-madona-ne-sum-ja-vrzuval-ili-udiral-so-bejzbol-palka-no-doma-ni-dojdoa-specijalci-10.jpg

Откако се разделија, и Мадона и Шон имаа изјавено дека и двајцата се криви за разводот.

Шон Пен вели дека тој период бил гневен маж со кој било невозможно да се живее.

Мадона, пак, изјави дека била премногу млада и не била подготвена за брак.

shon-pen-za-burniot-brak-so-madona-ne-sum-ja-vrzuval-ili-udiral-so-bejzbol-palka-no-doma-ni-dojdoa-specijalci-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg