Шон Пен за бурниот брак со Мадона: „Не сум ја врзувал или удирал со бејзбол палка, но дома ни дојдоа специјалци“
- Детали
- понеделник, 24 јуни 2024
За краткиот брак на Мадона и Шон Пен има безброј гласини, а најмногу се истакнуваат оние според кои актерот бил мошне насилен кон пејачката. Но, во ново интервју, тој ги негира гласините, истакнувајќи дека Мадона е личност која ја цени и сака до денес.
Мадона и Шон Пен беа во брак од 1985 до 1989 година, а тој период, но и откако се разведоа, во јавност се појавија мошне бизарни гласини за нивната врска.
Можеби најмногу се зборуваше за гласините дека Шон Пен ја тепал со палка за бејзбол, но и дека еднаш ја заврзал за стол и со часови не сакал да ја ослободи.
Низ годините, и двајцата ги негираа гласините, но многумина се убедени дека Мадона го оставила токму поради насилството.
Сега, 63-годишниoт актер уште еднаш прозборе за нивната врска, истакнувајќи дека иако била скандалозна и турбулентна, тој никогаш не бил физички насилен кон неа.
Сепак, откри дека во една пригода, во нивниот дом дошле специјалци, откако Мадона повикала полиција.
Имено, во куќата на актерот имало оружје поради што Мадона се исплашила и се јавила во полиција.
Кога специјалците пристигнале, тие ги скршиле прозорците и така влегле во куќата, а на Шон Пен му ставиле лисици на рацете.
„Во домот ми влегоа специјалци! Им реков ’Не излегувам, ќе довршам со појадокот‘.
Но, во следниот миг почнаа да кршат прозорци околу куќата и влегоа внатре“, вели актерот во интервју за New York Times.
Шон почнал да слуша за гласините кои се ширеле за него и Мадона дури по разводот.
Вели, едно утро, додека бил со неговата тогашна девојка, таа го погледнала чудно.
„Ме гледаше како да сум ѝ го убил кучето и почна да ме прашува кога сум ја удрил Мадона со бејзбол палка. Немав поим за што зборува.
Фер е да кажам дека не сум најдобрата личност на планетата. Но, дури и ако Мајк Тајсон го удрам со бејзбол палка по глава, тој ќе заврши во болница“.
По бурната врска и разводот, Мадона и Шон Пен сепак останаа пријатели.
„Мадона е личност што навистина ја сакам. Излезе дека е многу полесно да се обнови пријателството по развод кога немате деца“, додава актерот во интервјуто.