Бен Афлек ја изневерувал, ја демнел маж со психички проблеми – Тажни детали од животот на Џенифер Гарнер

Во период од неколку години, маж ја демнел Џенифер Гарнер, и покрај тоа што добил забрана за приближување. Тогаш актерката беше во брак со Бен Афлек, а тој откри дека купил оружје бидејќи почнал да се плаши за нејзината, но и безбедноста на нивните деца.

ben-aflek-ja-izneveruval-ja-demnel-mazh-so-psihichki-problemi-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhenifer-garner-01.jpg

Покрај талентот за глума, Џенифер Гарнер е позната и по нејзината скромност.

Доволно е малку да ѝ го разгледате профилот на Инстаграм за да сфатите дека и покрај милионите, таа води релативно „обичен“ живот, а луксузот и раскошот воопшто не ѝ се приоритет.

А, се чини дека актерката постојано е оптимист, и покрај бројните трагедии што ѝ се случиле низ годините.

Неколку тажни детали од животот на Џенифер Гарнер:

Беше демнета од маж

Во 2008 година, Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа во брак и го очекуваа нивното второ дете.

Кратко по ова, актерката откри дека била демнета од маж и почнала да се плаши за безбедноста на нероденото дете.

Имено, мажот ја демнел уште од 2002 година.

„Сега сум бремена и се плашам за безбедноста на моето дете. Неговото опсесивно однесување веќе е опасно и заканувачко“, изјави Гарнер.

ben-aflek-ja-izneveruval-ja-demnel-mazh-so-psihichki-problemi-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhenifer-garner-03.jpg

Иако тогаш мажот добил забрана за приближување, помалку од една година подоцна, тој повторно ја демнел актерката, но овој пат и нејзините деца.

Бен Афлек откри дека тогаш купил и оружје, откако демначот неколкупати се појавил пред нивниот дом.

По ова, демначот бил испратен во ментална установа бидејќи се утврдило дека има сериозно проблеми со менталното здравје.

ben-aflek-ja-izneveruval-ja-demnel-mazh-so-psihichki-problemi-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhenifer-garner-02.jpg

Двапати се разведе

Пред Бен Афлек, Гарнер беше во брак со Скот Фоли.

А, и двата брака не завршија среќно и актерката има изјавено дека за ништо во животот не била поразочарана.

Првиот брак на Гарнер траеше само две години – со Скот се венчаа кон крајот на 2000, а се разделија кон средината на 2003 година.

ben-aflek-ja-izneveruval-ja-demnel-mazh-so-psihichki-problemi-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhenifer-garner-04.jpg

Следната година, јавноста дозна дека Гарнер е во врска со Бен Афлек и веќе во 2005-та тие се венчаа и соопштија дека очекуваат дете.

Сепак, во 2015-та открија дека ќе се разведуваат.

Подоцна, во интервју, Џенифер Гарнер изјави дека разводите ѝ се најголемото разочарување во животот.

„Тоа е најголемата болка што сум ја доживеала. Цврсто верував во брак, но имав два неуспешни брака.

Потребни се двајца за бракот да успее. Уште не сум ги преболела разводите, но знам дека по некое време ќе ми стане јасно каде сум погрешила“.

ben-aflek-ja-izneveruval-ja-demnel-mazh-so-psihichki-problemi-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhenifer-garner-05.jpg

Бен Афлек ја изневери со дадилката

Една од наводните причини за разводот на актерите е аферата на Бен Афлек.

Откако се разделија, во јавност почна да се шпекулира дека Афлек спиел со нивната дадилка.

Додека Афлек ги негираше гласините, извор тврдеше дека актерот ѝ ветувал на дадилката дека навистина ќе бидат заедно откако ќе ја остави Џенифер Гарнер.

ben-aflek-ja-izneveruval-ja-demnel-mazh-so-psihichki-problemi-tazhni-detali-od-zhivotot-na-dzhenifer-garner-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg