„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи Калкин

Меколи вели дека татко му му се заканувал со физичко насилство, а во некои моменти бил и насилен.

„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Тој беше многу лош човек.

Беше насилен, и физички и ментално. Ако сакате ќе ви покажам и сите лузни“.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-11.jpg

По некое време, на Калкин му дошло „преку глава“ и почнал да го моли татко му да се откаже од глумата, барем на некој период. Но, тој не му дозволувал.

„Татко ми беше љубоморен на мене. Сè што пробал да направи во животот, јас го постигнав пред да наполнам 10 години“.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-06.jpg

Покрај малтретирањето, татко му Кит не му давал ништо од заработката од филмовите.

Родителите на актерот требало да земаат околу 15% од неговата заработка, но татко му се потрудил да зема скоро сè.

Во 1995 година, родителите на Калкин се разделиле, по што почнала судска битка за старателството над него и брат му, но и неговото богатство.

„Јас и брат ми не сакавме да живееме со татко ни. Тогаш успеав да ги тргнам имињата на родителите од мојата банкарска сметка и најдов личност која управуваше со моите финансии, во случај некој да сака да ми краде пари.

Пред тоа, јас имав милиони и милиони во банката, но мајка ми не можеш да плати ни кирија. Требаше да нè избркаат од станот.

Единствениот начин да допрам до моите пари беше целосно да го тргнам името на татко ми од мојата банкарска сметка.

Но, за да не комплицирам (бидејќи бев малолетен), ги тргнав имињата и на мајка ми и на татко ми“.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-03.jpg

По ова, татко му Кит сфатил дека повеќе не може да го контролира Калкин и го напуштил Њујорк.

Оттогаш, актерот и татко му не зборуваат, но Кит Меколи има дадено изјава за нивниот однос, истакнувајќи дека не го гледа актерот како негов син.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-07.jpg

Меколи, пак, вели дека донекаде му е благодарен на татко му бидејќи го научил како не треба да се однесува со своите деца.

„Од најрана возраст знаев дека можам да учам од него. Да учам како да не се однесувам со моите деца…

Беше лошо, но, знаете, можеше да биде и полошо. Се случуваа лоши работи, но има деца на кои им се случуваат уште полоши работи и не успеваат да се извлечат (како мене).

Мислам, погледнете ме – имам пари, имам слава, имам убава партнерка, убава куќа и убави миленици“.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg