Редклив: Ми се темни од Хари Потер
- Детали
- вторник, 31 јануари 2012
Актерот Даниел Редклиф признал дека му е непријатно кога ги гледа филмовите за Хари Потер. Иако токму преку оваа улога заработи милиони и се...
...здоби со милиони фанови низ целиот свет, актерот тврди дека не може да се гледа себе си во улогата на младиот волшебник.
„Кога сега би го гледал Хари Потер, мислам дека лицето толку многу би ми се згрчило, што на крајот би ми отпаднало“ – рекол младиот актер.
Во истото интервју за списанието Glamour, Редклиф зборувал и за својата борба со алкохолот, признавајќи дека колку станувал поуспешен и популарен, толку повеќе пиел.
„Бев во состојба да работам цел ден без капка алкохол, но сеедно си пиев секој ден и тоа ми стана проблем“.