Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кејт Мос
Беше вплеткана во љубовен триаголник со Џуд Ло и неговата сопруга
По разделбата со Џони, следел бурен период во љубовниот живот на Кејт Мос.
Имено, таа почнала да излегува со жени, а спиела и со сопругата на Џуд Ло – Седи Фрост.
Според некои извори, Седи почнала да се вљубува во Кејт, а почнале да прават и тројки со Џад Ло.
Не е познато како точно завршил љубовниот триаголник, но Џуд Ло и сопругата Седи се разведоа во 2003 година.
Имала сериозен проблем со алкохолизам
Периодот по раскинувањето со Џони Деп, Кејт била во толку лоша состојба, што се случувало да пие алкохол и да користи дрога по три дена без престан.
Кога, пак, Џони Деп се венча со Ванеса Паради, Кејт отишла на Ибица и две недели само одела на забави и спиела со многу мажи.
Изгуби многу ангажмани поради фотка на која користи кокаин
Во 2005 година, во јавност се појавија фотки на кои Кејт Мос користи кокаин. И, ова имаше навистина лошо влијание врз нејзината кариера.
Речиси веднаш, неколку модни брендови како Chanel и Burberry ја прекинаа соработката со неа.
Покрај ова, постоеше и можност Кејт да добие казна за поседување кокаин, но не била обвинета поради недостаток од докази.
На прашањето дали навистина користела дрога, Кејт ниту потврди, ниту негира туку само има изјавено:
„Сите што ги знаев користеа дрога“.
Сепак, некои дизајнери застанаа на нејзина страна и ѝ помогнаа да се врти на нозе.
Се изгладнувала за да биде во форма
Кејт е еден од првите многу слаби супермодели и многумина сметаа дека поставува нездрав пример за младите девојки.
Истовремено, се шпекулираше дека можеби користи и хероин.
По фотката со кокаинот, гласните само се засилија, по што Кејт изјави:
„Никогаш не сум користела хероин. Слаба сум бидејќи се изгладнувам и кога сум на снимање, никогаш не ми даваат да јадам“.
Спирова С. | Црнобело