Ја исмејуваа бидејќи не знаеше да танцува, работела како келнерка – Тешкиот пат до славата на Дуа Липа

Си заминала од Косово бидејќи сакала да стане пејачка, но по првата издадена песна, почнале да ја исмејуваат за нејзиното танцување – Како Дуа Липа успеа да стане една од најпознатите пејачки во светот?

ja-ismejuvaa-bidejkji-ne-znaeshe-da-tancuva-rabotela-kako-kelnerka-teshkiot-pat-do-slavata-na-dua-lipa-01.jpg

Денес Дуа Липа е едно најпознатите имиња на светската музичка сцена.

Пејачката може да се пофали со бројни награди, вклучувајќи и три Греми, како и богатство од над 30 милиони долари.

Се дружи со ѕвезди како Донатела Версаче и Џиџи Хадид, а целиот успех го постигна уште пред да наполни 30 години.

Но, патот до славата на младата пејачка не бил воопшто лесен.

Неколку факти за животот на Дуа Липа:

Младата пејачка е родена на 22-ри август 1995-та.

Нејзините родители потекнуваат од Косово и Албанија, додека пејачката е родена во Лондон.

ja-ismejuvaa-bidejkji-ne-znaeshe-da-tancuva-rabotela-kako-kelnerka-teshkiot-pat-do-slavata-na-dua-lipa-02.jpg

Дел од детството поминала во главниот град на Англија, а на 11-годишна возраст се преселила во Косово.

На некој начин, музичката кариера ја почнала на 14-годишна возраст со објавување кавер видеа на Јутјуб.

ja-ismejuvaa-bidejkji-ne-znaeshe-da-tancuva-rabotela-kako-kelnerka-teshkiot-pat-do-slavata-na-dua-lipa-03.jpg

Дуа сонувала да стане пејачка, па на 15-годишна возраст почнала да ги моли родителите да ѝ дозволат да се врати во Англија.

„Сакав да се занимавам со музика. Колку и да ми се допаѓаше животот во Косово, искуството беше многу различно.

Живеев во Лондон со цимерка и моите родители ги знаеја нејзините родители.

Мајка ми и татко ми имаа огромна доверба во мене, па пробав да бидам што е можно подобра“, има изјавено пејачката.

ja-ismejuvaa-bidejkji-ne-znaeshe-da-tancuva-rabotela-kako-kelnerka-teshkiot-pat-do-slavata-na-dua-lipa-04.jpg

Пред да се прослави, Дуа работела сè и сешто низ Лондон – била келнерка, а еден период пречекувала и гости пред ноќен клуб.

Набрзо успеала да потпише договор со Warner Music Group и го издала нејзиниот прв сингл.

ja-ismejuvaa-bidejkji-ne-znaeshe-da-tancuva-rabotela-kako-kelnerka-teshkiot-pat-do-slavata-na-dua-lipa-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg