Шпанските танчари со голи задници и штикли, песна на Дарко Димитров во финале - Највпечатливите моменти од Евросонг 2024
Двајца пејачи заплакаа откако завршија со своите настапи.
Прва беше данската претставничка, која не можеше да ги скрие емоциите, задоволна од својот настап, но сепак не влезе во финалето, а заплака и Латвиецот, кого ќе го гледаме во големото финале.
Сан Марино имаше сценски настап со скелети и визуелни ефекти кои потсетуваа на хорор филм.
Сан Марино
Претставничката на Израел беше пречекана свиркање, а испратена со силни овации. Низ евровизиските кругови се коментираше дека таа, наводно, секојдневно добивала закани по живот, па морало да ја чува обезбедување по 24 часа.
Израел
Оваа вечер уште три земји што настапуваат директно во финалето ги претставија своите песни.
Франција годинава има одлична балада и едноставен, но моќен настап; Италија делува по малку хаотично, барем визуелно, но звучи одлично и многумина ѝ предвидуваат нова победа.
Трета беше Шпанија, со по малку контроверзен настап, каде што танчарите среде песната се соблекуваат по голи задници и чизми над колена со високи потпетици.
Шпанија
Како и првата вечер и овој пат домаќините имаа одлично шоу за време на гласањето.
Пред публиката прва се појави Хелена Папаризу, која ја испеа My Number One, песната со која победи 2005 година.
По неа настапи Шарлот Перели со песната Take Me To Your Heaven, а тројката евровизиски победнички ја заокружи Сертаб Еренер која победи во 2003 година со песната Everyway That I Can.
Елена Папаризу, Сертаб Еренер и Шарлот Перели
Ова беше прв настап на Евросонг на Сертаб по 20 години, отакако последен пат излезе на евровизиската сцена во Истанбул во 2004.
Шоуто на трите дами беше замислено како караоке, па додека тие пееја, на ТВ-екраните одеа зборовите на песните.
Шоуто на водителките
Швеѓаните признаа и дека многу сакаат да победуваат на Евровизија, па дури и направија песна за тоа.
На шега, во текстот, кажаа дека веќе нема да ја праќаат Лорин да ја претставува земјата и ветија дека веќе нема да победуваат.
„Можеби уште само еднаш, да ја надминеме Ирска“, гласеше дел од текстот.
Италија
Финалето на годинешниот Евросонг ќе се одржи на 11 мај, а за големиот стаклен микрофон ќе се борат претставниците на 26 земји.
Прочитајте и Финецот со гол задник на сцената, Иркинката со сатанистички ритуали – Највпечатливите моменти од Евровизија 2024
А. Ј. | Црнобело