Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети?
- Детали
- петок, 19 април 2024
Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одмаздничка песна“. Знаете ли кој хит на Тејлор Свифт му е посветен на Хари Стајлс?
Тејлор Свифт е една од омилените пејачки на денешницата, која деновиве е среќно вљубена во рагбистот Тревис Келце.
Таа зад себе има голем број „пропаднати“ врски со познати мажи, а заедничко за сите нив е што од секоја врска останала по една одмаздничка песна.
Во продолжение да се потсетиме на сите познати врски на Тејлор и песните што им ги посвети на своите поранешни дечковци:
Џо Џонас
Во 2008-ма година Тејлор имаше кратка врска со Џо Џонас, кој ѝ раскинал во телефонски повик кој траел 27 секунди.
За оваа врска Тејлор напиша дури 3 песни: Last Kiss, Forever and Always, и Holy Ground.
Лукас Тил
Со холивудскиот актер Лукас Тил, Тејлор имаше кратка врска во 2009-та година, откако тој играше во нејзиниот спот за песната You Belong With Me.
Лукас во една пригода рече дека тие двајца биле подобри пријатели, отколку љубовници и дека тоа е причината заради која нивната врска се распаднала.
Тејлор Лотнер
Тејлор и Тејлор беа во врска во 2009-та година кога заедно играа во романтичната комедија Valentine’s Day.
Се верува дека песната Back To December, е извинување на пејачката до актерот кого безмилосно го откачила.
Џон Мајер
Во периодот помеѓу 2009-та и 2010-та година Тејлор беше во врска со музичарот Џон Мајер.
Се верува дека главната причина за нивното раскинување е големата генерациска разлика. За потсетување, во тоа време Тејлор имаше само 19 години, а Џон 32.
Се верува дека нивното раскинување не било во пријателски услови, а нему му ја посвети песната Dear John.
Музичарот не беше воодушевен од стиховите во кои таа пее дека тој си поигрувал со нејзините чувства, па ѝ одговори со песната Paper Dolls.