Татко ѝ има милијарди, а сними филм за сиромаштија – Никола Пелц критикувана, додека Бруклин мака мачи со готвењето
- Детали
- вторник, 16 април 2024
Никола Пелц се соочи со остри критики за нејзиниот нов филм Lola кој се фокусира на девојка што ги искусува стереотипните проблеми на сиромашните, како зависност и тинејџерска бременост. Бруклин Бекам, пак, уште е посветен на кариерата како готвач…
Никола Пелц неодамна го издаде филмот кој веројатно се надеваше дека ќе ја лансира во филмската индустрија.
Но, по сè изгледа дека во овој случај, богатството на татко ѝ и популарноста нема да ѝ бидат од помош.
Филмот на 29-годишната богата наследничка е остро критикуван и од публиката и од критичарите, а многумина истакнуваат дека Никола, чиј татко е милијардер, ја експлоатира положбата на сиромашните за гледаност.
Никола е режисерка и сценаристка на филмот, а ја има и главната улога.
Во филмот насловен Lola таа глуми сиромашна девојка која, според критичарите, се соочува со сите стереотипни проблеми што ги имаат сиромашните – проблематично семејство, зависност од дрога, проституција и тинејџерска бременост.
Дури и критичари кои пишуваат за медиуми како The Guardian одвоиле време да го искритикуваат филмот на Никола:
„Филмот Lola, чиј главен лик минува од едно трауматични искуство низ друго, не ги истражува овие проблеми, туку ги експлоатира“, пишува критичарка за реномираниот медиум.
Други критичари истакнуваат дека Никола е личност која најмалку треба да снима филм за проблемите на сиромашните бидејќи потекнува од многу богато семејство.
„Филмот беше предодреден за исмејување. Не постои закон според коj режисерите би морале да бидат лично запознати со материјалот што го прикажуваат.
Но, уште пред да го изгледам Lola, неповрзаностa на светот во филмот и животот на Никола Пелц многу се истакнуваше“.
Слични критики има и од гледачите:
„Севкупно, Lola е филм кој веднаш ќе го заборавите. Заштедете си време и пари за друг филм кој вреди да се изгледа“.
„Гo гледам Lola, неуспешниот проект на Никола Пелц Бекам и, Боже, поужасен e од сите мои очекувања“.
Генерално, сите истакнуваат дека Никола нема никакво разбирање за светот што пробала да го создаде во филмот, a се соочи со критики уште откако го најави, па неколкупати проба да се одбрани.
„Според мене, јас сум многу поврзана со ликовите што ги создадов. Секако, не пораснав како главниот лик Лола. И, сакав да напишам приказна од перспектива на друга личност…
Јас сум актерка и мојот сон е да имам можност да го гледам светот од разни перспективи“, изјави таа во февруари годинава.
Во меѓувреме, нејзиниот сакан, Бруклин Бекам, (безуспешно) се обидува да стане готвач. Тој редовно објавува видеа со неговите специјалитети, но уште поредовно добива критики.
Многумина сметаат дека воопшто не знае што прави и само непотребно користи скапи состојки.
Во јануари годинава, тој отвори и таканаречен привремен ресторан (кој работи само извесен период) во соработка со Uber Eats.
Ресторанот во Лондон беше отворен само две недели и во него можеа да се купат пет од омилените јадења на Бруклин.
Нo, тој не ги приготвувал јадењата, туку најмил готвачи за тоа.
Не е познато дали Бруклин има некаква заработка од кариерата како готвач, но сосема возможно е да добива некаков надомест од брендовите што ги користи, односно рекламира во неговите видеа со готвење.
А, заедно со Никола се критикувани дека ги користат парите и славата на нивните родители за работи за коишто немаат талент.
Спирова С. | Црнобело