Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано
Џо Џонас ја поканил Џиџи Хадид на состанок кога имала 13 години
Кога Џиџи Хадид имала 13 години, Џо Џонас имал околу 19. Но, ова не го спречило да ја покани на состанок.
„Ме покани да одиме на бејзбол натпревар и му реков не. Бев многу нервозна. Тогаш не ни знаев што значи излегување со момче“.
Уште побизарно е што кога го одбила, пејачот го запишал неговиот број и ѝ го дал на мајката на Џиџи.
ВО 2015-та, тие почнаа да се гледаат. Тогаш Џиџи имаше 20, а Џо – 26 години.
Весли Снајпс физички ја нападнал Хали Бери
Хали Бери самата има откриено дека некој нејзин поранешен партнер ја удрил толку силно, што ѝ го пукнал ушното тапанче.
Хали не го откри името на напаѓачот, но нејзин друг дечко тврдеше дека тоа бил актерот Весли Снајпс.
Ова го потврди и поранешниот сопруг на актерката – Ерик Бенет.
Шон Пен со часови ја малтретирал Мадона
Кога беа во брак, Шон Пен ја заврзал Мадона за стол.
Пејачката била врзана девет часа и на крај успеала да избега и да отиде во полиција.
Потоа пејачката ја повлекла пријавата, но тие се разведоа.
Во домот на Деми Мур беше пронајдено мртво тело
Во 2015 година, во базенот на Деми Мур било пронајдено мртво тело на 21-годишно момче.
Тогаш актерката не била дома и иако станува збор за мошне бизарна ситуација, никогаш не се дозна што точно се случило.
Во 2017-та, некои американски медиуми споделија дека родителите на момчето поднеле тужба.
Наводно, додека актерката не била дома нејзиниот личен асистент организирал забава на која присуствувало и починатото момче, а давењето било несреќен случај.
Спирова С. | Црнобело