Џеј Ло и Марк се држат за рака (фото)
- Детали
- понеделник, 16 јануари 2012
Џенифер Лопез и поранешниот сопруг Марк Ентони се појавија држејќи се за рака на прес конференцијата за промоција на реалното шоу QViva: The Chosen.
Џенифер дури и изјавила дека таа и Марк навистина се забавувале работејќи заедно.
Иако се шушкаше дека се во лоши односи, т.е. дека на него не му се допаѓа што Џеј Ло се забавува со помлад дечко, затоа што смета дека лошо ќе влијае на нивните деца, нивното заедничко пристигнување ги демантираше сите натписи.
Инаку, наводно Џенифер ја мрзи да ја вади постојано картичката кога оди на вечера со Каспер, па сфатила дека е подобро да му дава пари за неделни трошоци, или $40.000 долари месечно.
Лошо му е на малиов, а?