Кортни Кардашијан не се оптоварува да се врати во форма по породувањето + Тревис ѝ го честита роденденот со бизарна фотка
- Детали
- петок, 19 април 2024
„Притисокот што го чувствуваме да се вратиме во форма по породувањето не е реалистичен“, напиша Кортни Кардашијан на Инстаграм по критиките за нејзиното тело. За роденденот, пак, саканиот Тревис сподели фотка од неа на тоалетна школка.
На 18-ти април, Кортни Кардашијан го прослави 45-тиот роденден. Нејзиниот сакан, Тревис Баркер, ѝ го честита на Инстаграм со малку бизарна објава.
48-годишниот тапанар сподели неколку фотки со Кортни и повеќето се навистина убави, па и емотивни.
На една фотка тие позираат заедно, на една се гледа Кортни со нивното дете, а има и смешна фотка на која се гледа како Кортни заспала додека решава крстозбор.
Но, последната фотка привлече најмногу внимание, па и критики од следбениците, бидејќи на неа се гледа Кортни седната на тоалетна школка.
„Среќен роденден на мојата убава сопруга, сродна душа и најдобра пријателка. Те сакам, го сакам нашиот заеднички живот.
Ти благодарам што си најдобрата сопруга што некој може да ја посака. Да имаме уште многу години со авантури заедно“, стои во описот.
Во коментари, многумина имаат пофалби за Тревис бидејќи споделил искрени фотки.
„Најсмешен ми е блицот за крстозборот!“
„Ми се допаѓа што фотките се искрени. Денес сите само позираат и изгледаат исто“.
„Прекрасни сте заедно!“
Сепак, има и по некоја критика за фотката од тоалетот:
„Што е со последната фотка? А, објавата беше толку убава“.
„Не бев подготвена за последната фотка“.
„Поради последната фотка го тргав лајкот, некои работи не ми се јасни“.
Кортни и Тревис го добија првото дете кон крајот на 2023-та, а ријалити ѕвездата неколкупати изјави дека не се оптоварува со тоа како изгледа нејзиното тело по породувањето.
Неколку дена пред роденденот, на Инстаграм Стори сподели своја објава со порака до жените кои неодамна станале мајки.
„Драги нови мајки, вашето тело е убаво во сите фази.
За време на бременоста блескаме и растеме, по породувањето закрепнуваме и се намалуваме, а според мене овој период е најтежок бидејќи нашите тела сè уште се адаптираат.
Ако доите, тоа веќе е потполно нов дел (од закрепнувањето). Пробувам да бидам добра кон мене додека моето тело се адаптира на новото нормално.
Притисокот што го чувствуваме да се вратиме во форма кога сè ни е ново и различно не е реалистичен. Животот е убав, вие сте убави. Само мал потсетник (и за мене)“, пишува на објавата.
Кортни се соочи со критики за телото на објава од сестра ѝ Ким.
По повод роденденот на Кортни, Ким сподели фотка од нив двете и Клои во бикини.
Во коментари, корисник напишал дека Кортни нема да ја „лајкне“ фотката бидејќи не изгледа добро.
На ова, Кортни одговори:
„Ја сакам оваа фотка. Јас и сестрите си поминуваме прекрасно на патување со нашите деца, а сеќавањата ќе траат засекогаш! И, го сакам ова тело што ми подари четири деца“.
За потсетување, Кортни има уште три деца со бившиот дечко Скот Дисик.
Спирова С. | Црнобело